МВР со детали за тепачката во затворот Идризово

385

На 26.06.2024 во 13.10 часот во СВР Скопје од КПУ Затвор Идризово било пријавено дека околу 10.30 часот во затвореното амбулантно одделение во установата бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу повеќе осудени лица, при што со повреди се здобил Е.М.(26), додека С.Д.(43) и С.М.(29) се здобиле со повреди од остар предмет, по што биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, соопшти МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

И директорот на затворот Идризово, Зоран Јовановски, го потврди настанот од видеото кое е лиферувано од страна на повеќе медиуми и на кое се гледа дека има групирање во дворот на затворот Идризово кое продолжува со тепачка.

Јовановски за ТВ 24 вели дека таквите ситуации се секојдневие во затворот,а информира и дека полесно е повреден еден полицаец кој се обидувал да ги смири затворениците.  Како што вели Јовановски преголемата натрупаност во затворот останува и натаму сериозен проблем во казнено-поправните установи.