МВР продолжува со засилени контроли на возила за намалување на аерозагадувањето. Од вкупно 1.859 контроли низ градовите на државата, во Скопје се направени 70, во Тетово 195, во Охрид 383, во Битола 429, во Велес 102, во Куманово 150, во Штип 209, во Струмица 143 и по патиштата низ државата 178.
– Податоците од направените контроли покажуваат дека од вкупната бројка, осум возила биле нерегистрирани, кај четири се детектирани неисправни уреди за мерење на емисијата на испусните гасови, а 69 возила се исклучени од сообраќај – информираат од Министерството за животна средина.