МВР: Приведен возачот кој удри две деца на пешачки премин на „Партизанска“

991

Двајцата малолетници со Итна медицинска помош се пренесени во Клиничкиот центар „Мајка Тереза” во Скопје за укажување лекарска помош.

Полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.Р.(26) од Скопје, кој околу 13.50 часот на булеварот „Партизански одреди” во Скопје со патничко возило „ауди” со скопски регистерски ознаки, удрил во малолетен пешак и малолетник кој туркал велосипед, соопшти МВР.

Двајцата малолетници со Итна медицинска помош се пренесени во Клиничкиот центар „Мајка Тереза” во Скопје за укажување лекарска помош.

Од МВР информираат дека е извршен увид од СВР Скопје и надлежен обвинител, а по документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава по итна постапка.

ИЗДВОЕНИ