МВР напиша вкупно 338 налози за непрописно паркирање

32

Паралелно со превентивните активности од областа на безбедноста на сообраќајот, кои се реализираат речиси секојдневно преку надлежните полициски служби во сите сектори за внатрешни работи на МВР, продолжуваат и интензивните сообраќајни контроли на патиштата во државата, соопштуваат од полицијата.

Така, во понеделникот, во рамките на активностите на полициските службеници, за 796 учесници во сообраќајот беа издадени платни налози, а, од друга страна, беа наплатени 500 платни налози. Дури 338 од овие прекршоци вчера се однесуваа на неправилното паркирање, а во 145 случаи стануваше збор за непочитување на пропишаната брзина на движење.

– Од друга страна, пак, во однос на прекршоците по основ на неносење сигурносен појас и зборување на мобилен телефон при возење, беа евидентирани 50, односно 31 прекршок. Полициските службеници детектираа 58 лица што учествуваа во сообраќајот без возачки дозволи, во осум случаи беа откриени алкохолизирани возачи, во четири случаи возачите минаа на црвено светло, а во сообраќајот учествуваа и 15 нерегистрирани возила – информираа од МВР.

ИЗДВОЕНИ