МВР истражува злоупотреби во МВР

444

Полицијата истражува криминал во Одделот за општи и заеднички работи во Министерството за внатрешни работи, потврдуваат од МВР за весникот ВЕЧЕР.Според првичните информации се испитуваат злоупотреби во тендерските постапки за сервисирање на службените возила односно полициските автомобили. Акцијата е во координација со Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, крим полиција, внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални страндарди, а по насоки на Јавен обвинител. Неодамна министерот Панче Тошковски најави расчистување и во сопствените редови и дека никој нема да биде поштеден доколку се утврди оти правеле криминали.

ИЗДВОЕНИ