МВР ги приведува организаторите на концертот во Кочани: Се стравува за најмалку 50 жртви

906

Министерството за внатрешни работи ги приведува сите кои на каков било начин се поврзани со организацијата на концертот во дискотеката во Кочани во која ноќеска настанал голем пожар и има жртви. Министерството за внатрешни работи (МВР) активно работи на утврдување на причините за трагедијата, додека во тек е испрашување на сведоци и одговорни лица.

Надлежните служби работат на утврдување на причините за катастрофата. „Сите надлежни служби, вклучително и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани се на терен.

Бројот на жртви и повредени се утврдува. Се преземаат дејствија и се врши увид. Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, како и основните јавни обвинители на ОЈО Скопје и на ОЈОГОКК се на пат кон Кочани. На кочанското обвинителство ќе му бидат ставени на располагање сите капацитети на обвинителствата за итно постапување“, велат од Обвинителство.

Најмалку 50 лица се загинати, а стотица се повредени во дискотека во Кочани во која ноќеска избувнал пожар за време на концерт на позната група, потврдија од МВР за МИА. Според информациите објавени во дел од медиумите пожарот најверојатно настанал поради употреба на пиротехнички средства.

Повредени во пожарот во Кочани пренесени во Штипската Болница, во „8 Септември“ и на Скопските клиники.

Голем пожар во дискотека во Кочани, најмалку 30 жртви, стотина се повредени

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски веќе се наоѓа нна местото на несреќата и се очекуваат првите информации за трагедијата. Кон местото на несреќата се упати и премиерот Христијан Мицкоски.

ОЈО за пожарот во Кочани: Бројот на жртви и повредени се утврдува

ИЗДВОЕНИ