Музичка бајка со песни-евергрини на Блаж Маротов – многу наскоро во Македонската филхармонија! 

93

22 април, Македонската филхармонија ќе биде многу значајно место на кое ќе се соберат и дружат преку музиката најверните фанови, а тие се во голем број, на голем солистички концерт на еден од нашите најпопуларни поп-пејачи и музичари Блаж Маротов. Тој нè кани на прекрасна романтична вечер, која ќе биде исполнета со нежни ноти и со настапот на неколку негови гости кои за сега се држат во тајност, како пријатно изненадување.

Оние кои ја следат македонската естрада, добро знаат дека Блаж е специфично-оригинална личност на нашата сцена. Секогаш за публиката, новинарите и љубителите на добрата песна и доброто пеење има некое посебно доживување.                          Тој одамна ја имаше желбата да направи еден ваков концерт кој на моменти, можеме слободно да кажеме, иако допрва ќе се случува, ќе наликува на оние уметнички настани кои на естрадните новинари им се познати од настаните во славната париска „Олимпија“.  Затоа, со причина дојдете, да уживаме! Во целата таа атмосфера.  Во музиката, пеењето, песни-евергрини („Среќа барам“, „Лаго моја“, “Роман за нас“, „Забораваш“, „Нека се вратат времиња златни“,  “Налеј за нас“, ,„Животот е епизодна мода“, “Доказ“, „Бог да ми даде сила“) и музицирањето, суптилните муабети на Блаж.    Секако не заборавајте и на дрес-кодот, кој за таков настан и на таква локација подразбира избор на соодветна вечерна облека. Бидејќи, Бог навистина му дава сила на Блаж (и неговата брачно-музичка придружничка Јуле).

На тие години, тој не само што добро се држи и што има непресушна младешка енергија, туку Блаж Маротов има големо срце за сите нас. Ветува дека априлската вечер во Македонската филхармонија ќе ни ја претвори во емотивна музичка бајка!!!    (Дуле М.)

ИЗДВОЕНИ