Музичарот Миле Кекин фронтменот на „бендот „Хладно пиво“ уапсен во Хрватска

43

Во Хрватска е уапсен Миле Кекин, поранешниот фронтмен на бендот „Хладнo пивo“. За време на оваа акција Миле е уапсен со уште неколку лица, а се сомнева дека се работи за измама со недвижен имот, а поточно е се работи за општината Бује и куќата на Миле Кекин.

Според хрватските медиуми во тек е претрес на домот на Кекин кој е под сомневање за неправилности при купување на земјиште во Истра. Ова е афера што стана јавна во пресрет на претседателските избори, на кои сопругата на Кекин, Ивана Кекин, беше кандидатка на партијата Можемо.

Апсењата и итните доказни дејствија ги спроведува ПНУСКОК по наредба на УСКОК.

„Горенаведените дејствија се спроведуваат во Загреб и регионот Истра во врска со неколку лица за кои постои основано сомнение дека сториле неколку кривични дела злоупотреба на положба и овластување и перење пари. По сослушувањето на осомничените, УСКОК ќе донесе одлука за понатамошни дејствија во предметниот случај, за што навремено ќе ја информира јавноста“, соопшти УСКОК.

Сопругата на Миле Кекин, Ивана Кекин, беше кандидат за претседател на Хрватска на изборите одржани во декември 2024 година.

Таа неодамна се најде во центарот на вниманието на јавноста поради луксузната вила во Момјан, Истра, која ја поседува заедно со својот сопруг, поранешниот фронтмен на „Хладно пиво“.

Вилата, наречена „Воларе е Кантаре“, има површина од 130 квадратни метри и е опремена со базен, а се издава под наем на туристи по цена од 300 до 500 евра од ноќ, во зависност од сезоната. Според податоците од имотната карта, вилата со нејзината парцела од 412 квадратни метри е проценета на 400.000 евра, објавува Индекс.

„Хладно пиво“ се распадна во 2022 година по 35 години постоење, а Кекин тогаш изјави дека се претвориле во бенд кој свири само стари хитови.

ИЗДВОЕНИ