Каталонскиот гигант Барселона е последниот фудбалски клуб кој се вклучи во трката по потписот на големиот талент од редовите на германскиот бундеслигаш Баерн (М), Јамал Мусијала. Крилниот напаѓач има договор со баварскиот клуб до 2026 година, а во изминатите неколку недели ги одби сите понуди на раководните лица за продолжување на соработката.