
Контроверзниот португалски стручњак, Жозе Мурињо, испрати јасна порака до раководните лица на турскиот суперлигаш Фенербахче дека има потреба од нов голман и дека негова желба е бразилскиот интернационалец од редовите на Манчестер Сити, Едерсон. Искусниот голман најверојатно ќе ја промени средина за време на летниот преоден рок, но далеку побогати понуди за неговите услуги подготвуваат клубовите од Саудиска Арабија.