Завршен е муралот насловен „Книгите – паметници на македонското слово“, кој го краси северниот дел од Домот на културата „Илинден“ во Демир Хисар.
Муралот е дело на ликовниот уметник и професор по ликовна уметност, Дијана Колонџоска, и на нејзините ученици – членови во ликовната секција во ООУ „Гоце Делчев” – Демир Хисар и членови на ликовно-творечките активности во СОУ „Крсте П. Мисирков“ – Демир Хисар, а е посветен на роднокрајните демирхисарски писатели, кои придонеле со своите дела за зачувување и за афирмирање на македонското слово.
Нацртаниот мурал е во рамките на манифестацијата „Цртај на македонски јазик“ и е поддржан од Министерството за култура.