Првиот човек на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов беше задоволен по победата во Вараждин и истакна дека во последните години заедно со селекторот Кирил Лазаров, трпеа многу критики, но сега се покажа дека сме на вистинскиот пат.

„Задоволен сум од прикажаното, имаме и две нерешени, но задоволен сум од пристапот и од она што тимот го покажа од меч во меч, желбата за победа, квалитетот што го покажаа на терен. Овие играчи се вистински пример како сите треба да се бориме за Македонија. Штета што немавме голема поддршка, тоа беше сплет за околности, сите заедно направивме се што можеме да ги задржиме играчите со фокус на теренот. Многу сум среќен што оваа репрезентација покажа дека во следните години може да ги радува сите наши граѓани. Трпевме многу критики со Кирил Лазаров во изминатите години, но сега се покажува дека сме на вистинскиот пат“, кажа Мукаето во натпреварот со Катар

ИЗДВОЕНИ