Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, на денешната прес конференција истакна дека во моментов има 116 лица кои се лечат надвор од нашата земја и тоа во 14 држави.
Со цел да се стави крај на сите шпекулациите кои се шират во медиумите, министерот уште еднаш истакна дека лекувањето на сите пациенти надвор од државава е покриено од домаќините, односно земјите каде се лечат, додека патните трошоци и сместувањето, па дури и трошоците за превоз, телефонски сметки, превод и се останато е покриено од страна на нашата земја, односно од страна на Владата на РМ.
Муцунски исто така истакна дека веднаш по прес конференцијата МНР ќе има прв координативен состанок на кој ќе се зборува и ќе се направи план за враќање на пациентите во земјава и кај нивните семејства.
Министерот смета дека дел од пациентите уште следнава недела би можеле да бидат во таква здравствена состојба кој дозволува да се вратат во државава и овде да го продолжат лекувањето.