Муцунски му ја предаде функцијата на Митески, Османи на Муцунски

237

-Во Министерството за надворешни работи извршивме примопредавање на функцијата – министер за надворешни работи со мојот претходник, Бујар Османи, информираше денеска новиот министер за надворешни работи, Тимчо Муцунски.

„Во периодот што следува акцентот ќе биде ставен на забрзување на евроинтегративниот процес на земјава, стратешкото партнерство со САД, како и привлекувањето странски инвестиции, што е на линија на приоритетите на Владата.И покрај многуте предизвици, со посветена работа и решителност ќе бидат постигнати зацртаните цели во предвидената програма за работа на Владата. Чест ми е да ја извршувам функцијата Министер за надворешни работи“, напиша тој на Фејсбук.

Од денеска и официјално поранешниот градоначалник на Општина Аеродром Муцунски му ја предаде должноста на новиот заменик-градоначалник на оваа општина, Дејан Митевски, досегашен претседател на Советот на општината. Двајцата функционери ја потенцирале досегашната успешна соработка и истакнале дека работата на општината ќе продолжи непречено и во континуитет.

Митески најавил континуитет во работењето и реализација на многу проекти кои ќе донесат подобар живот и подбра иднина во Аеродром.