Муцунски информира за злоупотреба на буџетски пари: Фрчкоски сторил штета од шест цифри во евра, информациите се многу загрижувачки

81

За поранешниот амбасадор Љубомир Фрчкоски имаме сериозни индиции за злоупотреба на јавни буџетски средства. Индициите укажуваат дека штетата е шест цифри во евра. Не би можел конкретно да кажам колкава е во моментов, давам одредени информации кои смеам да ги споделам во оваа фаза, зашто тече процедурата. Спроведена е внатрешна постапка во МНР, информациите кои стигнаа до мене се навистина многу загрижувачки. Ние ќе ги преземеме сите неопходни мерки, а понатаму ќе имаме обврска, да ги информираме релевантни институции од правосудството, но што ќе преземат тие излегува од наша надлежност и преминува во нивна надлежност, рече денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски. 

Министерот рече дека во рамки на ресорното министерство веќе се спроведува истрага за тоа колкава е направената штета и дека потоа предметот ќе биде доставен на работа до Обвинителството. Муцунски рече дека очекува истрагата во министерството за овој случај да заврши до крајот на декември, но не откри конкретно колкава штета е направена, иако потенцираше дека станува збор за милионска сума.

“Ние ќе ги преземеме сите неопходни мерки што имаме право да ги преземеме како Министерство, по однос на такви состојби кога има сериозни индиции за злоупотреба на јавни буџетски средства, а понатаму ќе имаме обврска, наскоро, многу наскоро ќе заврши таа процедура, секако да ги информираме и релевантните институции во делот на правосудството, но понатаму што тие ќе преземат излегува надвор од надлежноста на оваа институција и преминува во нивна надлежност. Но, треба да му биде на секого јасно дека тука тоа што го видов се изразувам многу дипломатски кога велам сум загрижен, вакви состојби не смеат да се повторуваат како што се повторувале во последните години, посебно кога индициите ни укажуваат дека штетата е во шест цифри во евра”, рече Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија.

 

ИЗДВОЕНИ