Му се подготвува апокалипса на Нотингем Форест

223

По 25 одиграни кола, Ливерпул е прв на табелата со 60 бодови и доколку не се случи некоја голема криза, „црвените“ треба да бидат новиот шампион на Англија.

Како што изгледа сега, единствениот тим што може да ги загрози е Арсенал, кој каска зад нив со седум бода помалку.

Овие два тима се чини дека се единствените кои сигурно ќе се најдат во Лигата на шампионите за следната сезона, иако, се разбира, математички се уште ништо не е готово.

Потоа следуваат шест екипи од третата до седмата позиција кои ги делат само шест бода и сите имаат свои пресметки.

Едно од најпозитивните изненадувања сезонава е Нотингем Форест, кој е трет со 47 бодови, а го следи апсолутното разочарување сезонава, Манчестер Сити, со 44.

Изненадувачки, со 43 бода, Бурнемаут е на петтото место, како и шестиот Челзи, додека Њукасл е на седмото место со 41 бод.

Врвот на табелата во Англија може да се промени во наредниот период, а тоа особено се однесува на Нотингем Форест, кој има многу тежок распоред.

Овој тим покажа слабост пред две кола кога загуби со 5:0 од Бурнемаут, а потоа на најдобар можен начин одговори со победа од 7:0 против Брајтон. Сепак, сето тоа кратко траеше бидејќи формата не беше потврдена на гостувањето кај Фулам, кој славеше со 2:1. Така, два од шесте порази на Нотингем се во последните три кола, а ќе има вистински пекол до репрезентативната пауза.

Веќе на 23 февруари ќе има уште едно тешко гостување за Форест, во Њуаксл. Три дена по тој натпревар, на распоред е домашен дуел со Арсенал, а потоа на 3 март можност за мала пауза и домашен дуел со Ипсвич во ФА Купот.

Потоа на денот на жената во лигата, дуел против актуелниот шампион Манчестер Сити. Доколку ги „преживеат“ следните три кола во Премиер лигата, избраниците на Еспирито Санто дефинитивно имаат на што да се надеваат во борбата за Лигата на шампионите.

 

ИЗДВОЕНИ