Телото на мртво новороденче било пронајдено во торба пред црква во Нотинг Хил, западен Лондон, пишува Би-Би-Си.
Лондонската полиција итно апелира до мајката да се јави за сопствената безбедност и благосостојба.
Полицијата и брзата помош биле повикани на Талбот Роуд денеска во 12.46 часот, но кај бебето била констатирана смрт на местото на настанот. Се уште не се утврдени полот и точната возраст на детето.
Началникот Овен Реноуден го опиша случајот како крајно тажен и шокантен.
„Истрагата допрва почнува, а наш приоритет е да ја најдеме мајката на детето, кое веруваме дека неодамна го родило“, рече тој и ја повика мајката да стапи во контакт. Детали за случајот се уште не се познати.