Вкупниот долг тежи над 11,3 милијарди денари неплатени даноци и придонеси. Станува збор за вкупно 1.958 правни лица и 3.914 физички лица. Од УЈП истакнаа дека 70% од правните лица должници се всушност без каква било активност во целата 2024 година. – Практично, овие фирми постојат само „на хартија“. Тука прво прашање е како УЈП може да ги наплати долговите од овие должници што практично се „мртви“, велат од Управата за јавни приходи
Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави новата листа на должници. Вкупниот долг тежи над 11,3 милијарди денари неплатени даноци и придонеси. Станува збор за вкупно 1.958 правни лица и 3.914 физички лица. Од УЈП истакнаа дека 70% од правните лица должници се всушност без каква било активност во целата 2024 година.
– Впечатливо е тоа што огромен дел од должниците што се повторуваат не покажуваат никаква активност за исполнување даночни обврски, што дополнително го комплицира процесот на наплата на нивните долгови. Од 1.958 правни лица, 1.432 или 70 проценти во 2024 година немаат ниту една активност за исполнување даночни обврски – немаат поднесено даночен биланс за 2023 година, немаат ДДВ пријави, немаат вработени или исплатени плати. Практично, овие фирми постојат само „на хартија“. Тука прво прашање е како УЈП може да ги наплати долговите од овие должници што практично се „мртви“. Второ прашање е дали УЈП пропуштила навреме да ги наплати овие долгови. Трето прашање е дали овие фирми свесно се довеле во некаква „кома“ за да го избегнат плаќањето на својот долг кон државата – соопшти УЈП.
Оттаму посочуваат дека во рамките на списокот, посебно внимание заслужуваат најголемите 100 должници – 96 правни лица и четири физички лица, кои заедно должат над седум милијарди денари или 62 отсто од вкупниот долг за даноци и придонеси.
Од УЈП заклучуваат дека „Листата треба да овозможи јавноста во актуелен момент да знае кои должници мора да бидат вистински таргет на УЈП за впаричување на нивните долгови и надоместување нам буџетските загуби. Со ова, листата може да стане вистински ефективен инструмент за јавен притисок врз неплаќачите на данок“.