Мрежата „Х“ повторно на тапет на ЕУ: Отворена истрага за употреба на лични податоци за обука на нејзината вештачка интелигенција

32

Ирската управа за заштита на податоците, дејствувајќи во име на Европската унија, отвори истрага за употреба на лични податоци во „X“ за обука на нејзината вештачка интелигенција, конкретно за четботот Грок.

Истрагата се однесува на употреба на лични податоци вклучени во јавно достапни објави направени од корисници на социјалната платформа Х, во Европската унија и во Европската економска област, се вели во соопштението.

Мрежата „X“ во септември вети дека повеќе нема да користи некои од личните податоци на своите европски корисници за обука на својата програма за вештачка интелигенција.

Во тоа време, ирската администрација на ДПЦ објави дека правната постапка што ја покрена во Вишиот ирски суд во врска со случајот е повлечена.

Септемвриското соопштение се однесуваше на лични податоци користени во периодот од 7 мај до 1 август минатата година. Но, компанијата продолжи да ги развива своите модели со вештачка интелигенција и по тој датум.

Затоа, ирската администрација ќе ја разгледа усогласеноста на овој развој на настаните со одредбите на европските регулативи за заштита на податоците, особено во однос на законитоста и транспарентноста на обработката на податоците, се додава во соопштението.

Ирската управа за заштита на податоците е надлежна да дејствува во име на ЕУ бидејќи европското седиште на „Х“ е во Ирска, како и седиштето на бројни гиганти од Силиконската долина.

Американските технолошки гиганти, од кои X е дел, се во центарот на трговските разговори меѓу ЕУ и САД.

Доколку преговорите не успеат, Европската комисија би можела да одлучи да ги оданочи, се закани претседателката Урсула фон дер Лајен.

 

ИЗДВОЕНИ