Мралино доби две детски игралишта

20

Две детски игралишта во населеното место Мралино се пуштени во употреба на радост на најмалите жители.

Од Општина Илинден информираат дека едното игралиште се наоѓа на дел од улица „7“, додека пак другото е во дворот на училиштето  „Ристо Крле“.

-Во рамки на двете детски игралишта се поставени реквизити: лулашки, клацкалки, лизгалки и фигури со коњче, како и клупи и канти за отпадоци, како неопходен и неизоставен дел за уредување и одржување на просторот. ПООУ „Ристо Крле“, може да се пофали и со новиот хортикултурно уреден парк и партерно уреден двор со бекатон плочки на површина од 722 квадратни метри, нов паркинг простор и патеки околу училишната зграда- соопштија од Општина Илинден.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, истакна дека освен во просторното уредување и реконструкција, овие детски игралишта се од особена важност за релаксација и рекреација на најмалите жители на општината. Тој додаде дека во овие спортско-рекреативни катчиња, најважните членови на општеството ќе уживаат во игра и забава исполнети со спортски дух.

-Новите детски игралишта претставуваат континуитет на успешните проекти на Општина Илинден за урбанизација и уредување на сите населени места во општината. Во наредниот период ќе бидат изградени нови и реконструирани постојните игралишта и во останатите населени места – најавуваат од локалната самоуправа.

ИЗДВОЕНИ