По падот на режимот на Башар ал Асад во Сирија, тој и неговото семејство побегнаа во Москва. Новата влада во таа земја, бунтовничката група Хајат Тахрир ал Шам, ги зазеде сите куќи и фабрики кои им припаѓаа на нарко картелите кои работеа под заштита на претходниот режим, пренесува „Ројтерс“.
Блискиот Исток со години е преплавен со каптагон и амфетамин. Главно, залихите од него повремено се откриваа на царина или при партиски рации.
Сега медиумите ги посетија вилите во близина на границата со Либан и фабриката за каптагон лоцирана во близина на сирискиот главен град Дамаск. Чуварите на фабриката рекоа дека имале проблем со мирисот, а целата залиха на каптагонот е изгорена, додека суровините се задржани бидејќи, како што велат, можат да бидат корисни за лекови.
Луксузните вили во населбата им припаѓале на офицери од четвртата оклопна дивизија. Ја водел Махер, братот на Башар ал Асад, кого сите чувари го нарекуваат Басем.
„Басем беше важен на овие простори и им втурна страв во коските на сите што живееја овде, сѐ беше забрането. Искрено бев шокиран кога дознав за дрогата овде, за овие страшни операции што ја уништувале земјата. Не знаевме ништо за таа дрога“, рече Абу Билал, локален фармер.
Што е каптагон?
Каптагон е дрога попозната како „кокаин на сиромашните“. На улица неговата цена се движи од три и 25 долари, додека неговото производство чини само неколку центи по таблетка.
Првично беше создаден во Германија во текот на 1960-тите и се користеше за лекување на нарколепсија. Предизвикува еуфорија, илузија и ненадеен излив на енергија.
Забранет е во повеќето земји во светот поради прекумерната зависност што ја предизвикува. По избувнувањето на граѓанската војна во Сирија во 2011 година, целата земја се претвори во идеална средина за илегална трговија со дрога, а Институтот за стратегија и политика, „Нови линии“, соопшти дека трговијата со каптагон носела профит од околу 10 милијарди долари годишно.
An industrial-scale drug lab producing a highly addictive drug called captagon was discovered just up the hill from a main road on the western edge of Damascus, the seat of power of the ousted President Bashar al-Assad https://t.co/94fBlrML9p pic.twitter.com/el3giyicSB
— Reuters (@Reuters) December 13, 2024