Се поставува прашањето: слатките како секојдневен оброк – ужина или само за викенди после ручек? Тие не се само деликатен додаток на оброците, туку често служат и како извор на задоволство и удобност во стресни ситуации или како симбол на прослави и радосни настани.
Сепак, и покрај нивната привлечност, честопати не сме свесни за негативните последици што можат да ги имаат врз нашето здравје, особено кога се консумираат во прекумерни количини. Сепак, нашата љубов кон слатките задоволства често не мотивира да бараме поздрави алтернативи кои можат да го задоволат нашето слатко, но и да обезбедат хранлива вредност.
Разбирањето на нашите „слатки“ навики ќе ни овозможи да одржуваме рамнотежа помеѓу уживањето и грижата за нашето здравје.
Ви предлагаме пет вкусни, здрави слатки кои можеме да ги вклучиме во секојдневната исхрана:
Овошна салата: направете шарена овошна салата од разновидно свежо овошје, на пр. јагоди, киви, грозје, ананас и портокали. Овошјето е богато со влакна, витамини и антиоксиданси, што го прави одличен избор за здрав десерт во понеделник!
Грчки јогурт со мед и јаткасти плодови за вторник: Грчкиот јогурт е богат со протеини и калциум, а малку мед и јаткасти плодови, како бадеми или ореви, даваат сладок вкус и хранлива вредност.
Темно чоколадо: Наместо да посегнувате по млечното чоколадо, одберете темно чоколадо со висок процент на какао. Темното чоколадо содржи антиоксиданси и може да има корисен ефект врз здравјето на срцето. Одличен избор за среда!
Смути од овошје и зеленчук: Направете смути со комбинирање на различни овошја и зеленчук, како што се банани, спанаќ, боровинки и авокадо. Додадете малку вода или млеко од растително потекло за освежителен и хранлив пијалок кој може да послужи како слатко уживање во четврток.
Печени јаболка со цимет во петок: Јаболката се слатки сами по себе, а печените јаболка со цимет се едноставен и здрав десерт. Циметот додава пријатен вкус и арома, додека јаболката обезбедува влакна и витамини.
Искористете ги овие идеи и истражете дополнителни рецепти кои се вкусни, хранливи и обезбедуваат доволно енергија за активностите во викендот, но исто така се избалансирани и влијаат на целокупното здравје.