EPA-EFE/FEDERICO PROIETTI

Српскиот репрезентативец Филип Костиќ е на излезната врата од Јувентус и наскоро би можел да се пресели во Турција. Доаѓањето на Тијаго Мота на местото на Максимилијано Алегри ќе доведе до бројни промени во тимот, а еден од оние на кои им е покажана излезната врата е Филип Костиќ, кому формата му е во надолна линија. Веќе извесно време се пишуваше во италијанските медиуми за заминување на Костиќ, кое се чини дека ќе се оствари.

Како што пишува „Газета дело спорт“, нема многу заинтересирани екипи за него, интерес покажале неколку турски екипи, меѓу кои Галатасарај и Фенербахче, предводено од Жозе Мурињо на клупата.