Дека ништо не може да не изненади говори видеото кое е споделено на во фејсбуј групата Ѕид на Општина Гази Баба од кое може да се види како скопјанец со мотор решил да ги покаже своите моторџиски вештини во реката Вардар, најверојатно замислувајќи си дека е на глисер.
-Не не изненади толку видеото бидејќи нашиот Вардар веќе е во последната зона на загадување. Од прочистителна станица нема абер, цела канализација и отпад од компаниите со децении директно се слива во реката и во најскоро време се очекува да стане мртва река.Ој Вардаре македонски ти ја красиш Македонија – коментираат припадниците на фејсбук групата Ѕид на Општина Гази Баба.