Мостот кај Башино Село е затворен за секаков вид сообраќај     

15

Според информации од Автомотосојузот на Македонија, од Центарот за управување со кризи соопштија дека мостот на реката Вардар, на регионалниот пат Р1312, кај Башино Село, е затворен за секаков вид сообраќај. Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози.

Од АМСМ препорачуваат приспособување на брзината на движење според условите на патот, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност за појава на одрони.

Ова особено се однесува на делниците: Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк „Галичица“, од 15.11.2024 година е затворен за сообраќај за сите видови возила.

 

ИЗДВОЕНИ