Британскиот план за повоена Украина веќе, сосема очекувано, наиде на својата прва пречка. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во својот дневен брифинг пред новинарите јасно изјави дека какво било присуство на војници на НАТО на територијата на Украина е неприфатливо.
„НАТО во Украина? Тоа не може да функционира, тоа би имало ужасни последици за безбедноста на Русија. Значи, тотално неприфатливо за нас“, рече Песков, пренесува Јутарњи лист.
Песков беше прашан и за острата реторика меѓу украинските и американските лидери Володимир Зеленски и Доналд Трамп.
„Рејтингот на Зеленски паѓа и Трамп го гледа тоа“, рече Песков.
Британскиот премиер Кир Стармер ќе му претстави на Трамп план за испраќање нешто помалку од 30.000 европски војници во Украина за следење на договорот за прекин на огнот, на кој Русија би можела да се согласи, ексклузивно пишува британски „Телеграф“.
Ова е британскиот план за Украина, се чека „зелено светло“ од Трамп