Москва соопшти дали ќе има претставник на инаугурацијата на Трамп

200
epa11831677 The US Capitol is pictured as the sun rises in Washington, DC, USA, 17 January 2025. US President-elect Donald Trump announced his inauguration will be moved indoors due to dangerously cold temperatures projected in the nation's capital. EPA-EFE/ALLISON DINNER
Претставници на Русија, како што е планирано, нема да присуствуваат на инаугурацијата на новоизбраниот претседател на Соединетите Американски држави Доналд Трамп, изјави за новинарите помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков.
Тој потврди дека ниту рускиот амбасадор во САД нема да присуствува на инаугурацијата.
„Никој нема да ја претставува Русија на инаугурацијата. Вообичаено е да ја претставува амбасадорот. Доколку е поканет вршителот на должноста, тој ќе присуствува“, рече Ушаков, пренесува РТРС.
Помошникот на рускиот лидер со овие зборови одговори на прашањето кој ќе ја преставува Русија на настанот, земајќи го предвид шефот на одделот за Северна Америка од Министерството за надворешни работи на Русија Александар Дарчиев, кого медиумите го нарекуваат можен кандидат за позицијата на руски амбасадор во САД, се уште не добил номинација.
Ушаков  исто така додаде дека Москва засега не стапила во контакт со тимот на Трамп.

 

ИЗДВОЕНИ