Москва се огласи по масакрот во Суми: Сите обвинувања ги насочи кон Киев

373
EPA-EFE/STATE EMERGENCY SERVICE OF UKRAINE

Руските власти денеска соопштија дека со балистички проектили во неделата го гаѓале местото во кое се одржувал состанок на украинската војска во Суми, во напад во кој според украинските власти загинале најмалку 34 лица.

Властите во Русија го обвинија Киев дека користи цивили како „човечки штит“.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека нивните сили користеле две балистички ракети Искандер и го гаѓале „местото на командниот состанок“ на група на украинската армија во Суми.

„Украина продолжува да го користи населението како жив штит со поставување воени објекти или организирање настани во кои учествуваат воени лица во центарот на густо населен град“, додаде руското министерство.

Нападот, во кој беа повредени повеќе од 100 луѓе, беше осуден од меѓународната заедница.

По трагедијата во Суми, Зеленски го повика Трамп да види што прави Русија, Трамп вели тоа било грешка, ЕУ гневна

ИЗДВОЕНИ