Москва откри детали од преговорите во Ријад: „Не е лошо…“

99
EPA-EFE/RUSSIAN FOREIGN MINISTRY PRESS

По руско-американската средба во Ријад, помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков изјави дека разговорите не поминале лошо. Според него, Русија и САД се договориле да ги земат предвид меѓусебните интереси. Во исто време, тешко е да се каже дека Русија и САД се приближуваат, но како што наведува, се зборувало за тоа.

„Имаше многу сериозна дискусија за сите прашања што сакавме да ги поставиме“ изјави тој за Канал 1, додавајќи дека и Москва и Вашингтон се заинтересирани за развој на билатералните односи.

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп најверојатно нема да се одржи следната недела, изјави Ушаков и додаде дека е тешко да се даде конкретен датум за средбата меѓу двајцата претседатели.

„Потребна ни е тесна работа меѓу делегациите на двете земји. Подготвени сме за тоа, но се уште е тешко да се зборува за конкретен датум за средбата меѓу двајцата лидери“ – рече тој.

Според него, одлуката за тоа кој ќе биде вклучен во тимот на преговарачи од Руската Федерација за украинскиот конфликт ќе ја донесе рускиот претседател Владимир Путин.

Специјалитети за преговарачите: Што беше на менито во Ријад?

„Тешко е да се каже дека Русија и САД се приближуваат, но она што го разговаравме беше многу сериозно за сите прашања што сакавме да ги допреме. Се договоривме да ги земеме предвид меѓусебните интереси и да ги развиваме билатералните односи, бидејќи Москва и Вашингтон се заинтересирани за тоа“, рече Ушаков, пренесува Би-Би-Си.

ИЗДВОЕНИ