Москва го предупреди Трамп за Панамскиот канал: „Не размислувај за тоа“

30

Москва денеска испрати предупредувачка порака до новиот американски претседател Доналд Трамп во врска со неговите аспирации за Панамскиот канал.

„Не ни помислувајте да ја преземете контролата над Панамскиот канал“, рече Москва, пренесе Политико.

Трамп постојано се закануваше дека ќе ја преземе сопственоста на критичната поморска трговска рута – која САД ја потпишаа со Панама во 1977 година – нарекувајќи ја „витална“ за американските интереси и одбивајќи да ја исклучи употребата на воена сила за остварување на неговата цел.

Во својот инаугуративен говор, Трамп одново го спомена каналот.

„Американските бродови се сериозно прескапи. И пред се, Кина го контролира Панамскиот канал, а ние не го предадовме на Кина, туку на Панама. И ние ќе го вратиме назад“, рече Трамп.

ИЗДВОЕНИ