Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Москва „ги држи картите во раце“ во преговорите за ставање крај на војната во Украина, што дополнително ги ослабува надежите на Киев дека Вашингтон ќе ги брани своите интереси.
Русите „зазедоа многу територија, па ги држат картите“, изјави синоќа за новинарите американскиот претседател, кој планира средба со рускиот колега Владимир Путин.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски, кого Трамп вчера го нарече „диктатор“, денеска треба да го прими американскиот специјален пратеник за Украина, Кит Келог, кој е во посета на Украина.
Украинскиот претседател, чија позиција се чини дека е ослабена поради зближувањето меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин, рече дека се надева дека ќе работи конструктивно со американскиот пратеник.
„Нашата иднина не е со Путин, туку со мир. „И тоа е изборот на сите, вклучително и на најмоќните, да бидат со Путин или да бидат со мир“, рече Зеленски синоќа.
По пристигнувањето во Киев, Кит Келог рече дека ја разбира потребата од „безбедносни гаранции“ за Украина.
Неколку дена пред третата годишнина од почетокот на руската инвазија на Украина (24 февруари 2022 година), Зеленски потсети дека Украина сака да заврши таа војна „од првите секунди“.
Зеленски ќе зажали за изјавите за Трамп, предупреди потпретседателот на САД Џеј Ди Венс