Легендарниот НФЛ играч кој воедно е член во Куќата на славните, Ренди Мос, објави дека се бори со здравствен проблем и ги замоли сите негови фанови да се молат за него и неговото семејство.
- Само би ги замолил сите верници да се молат за мене и моето семејство во овие тешки моменти. Луѓето зборуваа за моите очи на телевизија, се борам со нешто внатрешно, ќе се изборам со тоа. Имам одличен тим на лекари и одлично семејството околу мене, напиша Мос во објавата на Инстаграм.
Мос им испрати порака на мажите да одат на редовни прегледи и тестови на крвта, без да спомене некоја конкретна болест.
Неодамна, на социјалните мрежи имаше многу коментари за очите на Мос дека изгледаат жолти, за време на една телевизиска емисија.
Мос (47) пет пати беше лидер во НФЛ кога е во прашање бројот на фатени тачдауни во една сезона, а во 2007 година стана рекордер во лигата во таа категорија со 23 тачдаун. Тој е исто така и втор на листата по бројот на тачдауни во кариерата со 156, зад Џери Рајс.
Инаку, Мос е член на Куќата на славните на НФЛ од 2018 година.