Морничави закани испратени до семејството на српскиот претседател Вучиќ/ФОТО

321

По наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, Специјално одделение за високотехнолошки криминал, полицијата го уапсила М.Т. за кривично дело загрозување на безбедноста, објавија утрово српските медиуми.

М.Т., за кој се вели дека се претставува како Младен Тањга на социјалните мрежи, наводно објавил стихови на Твитер (Х) „во кои директно му се заканува на семејството на претседателот Александар Вучиќ“.

screenshot

М.Т. е осомничен дека преку социјалните мрежи упатувал застрашувачки закани до претседателот Александар Вучиќ, како и до претседателката на Собранието, Ана Брнабиќ. Тој е обвинет дека напишал пораки на социјалните мрежи во кои пишува: „Ќе го убијам татко ти, ќе ја заколам мајка ти, ќе ги мачам братот, синот и ќерката…“. Осомничениот и се заканувал дека ќе ја убие Ана Брнабиќ.

ИЗДВОЕНИ