Сосетката на убиените момчиња од Цетиње, Јован (14) и неговиот помлад брат Вукан (9) Вулетиќ, на денот на крвавиот масакр го виделе монструмот Ацо Мартиновиќ. Целиот регион не се помирува со судбината на момчињата и никој нема утешни зборови за да ја ублажи болката што ја чувствува семејството.
Морничава и шокантна изјава кажана од близок сосед на семејството Вулетиќ илустрира дека Мартиновиќ за време на неговиот крвав похпод се претворил во крвожеден ѕвер.
-Кога го уби сопственикот на кафеаната Мирко Вулетиќ и таму го рани брат му Младен, тој најави дека ќе ги убие момчињата. Му рекол на Младен: „Сега ќе ти ги убијам децата“. Младен не успеал да ја повика сопругата на телефон за да ја предупреди, па во меѓувреме кај нив дома дошол Мартиновиќ и ги убил момчињата. Во тој очај, мајката на момчето го молела да ја убие и неа. Не сакал, само го продолжил крвавиот поход, низ солзи раскажала сосетката за тамошните медиуми. .
Инаку, сестрата на Ацо, Зорица е мажена за братучедот на Мирко и Младен Вулетиќ.
Сосетката на Ацо Мартиновиќ го виделе убиецот на денот на страшниот чин.
– Беше на мојот праг! Вратата беше полуотворена, а тој стоеше неподвижен некое време. Дел од неговото тело се гледаше, а дел беше сокриен. Само стоеше и гледаше, како да размислуваше што ќе прави – вели таа.
Покрај двете најмлади жртви на масакрот во Цетиње, Ацо Мартиновиќ уби уште десет, меѓу кои и сопствената сестра, роднини и пријатели.
Инаку, денеска група граѓани се собраа пред споменикот на вилата Ловќен во Цетиње за да им оддадат почит на жртвите од неодамнешното злосторство што се случи во тој град со дванаесетминутен молк, пренесува Вијести.
Cetinje 💔 pic.twitter.com/P7K6fuiA33
— Lawyer🤷🏻♂️ (@Dzoni_Dzontra) January 5, 2025
Во масакрот во Цетиње, која се случи на 1 јануари, беа убиени 12 луѓе, од кои две деца. Убиецот Ацо Мартиновиќ почина при транспорт во Клиничкиот центар на Црна Гора откако си пукал во глава.
Во престрелката четворица се тешко повредени и се хоспитализирани, а во Црна Гора поради злосторството е прогласена тридневна жалост.
Организаторите ги поканија сите граѓани на дванаесетминутен молк пред споменикот Ловќен на Цетиње денеска во 17 часот и 26 минути, а најавија собир пред зградата на МВР во Подгорица, каде што ќе испратат барања до таа институција.