Монголија погодена од најстудената зима во последните 50 години, угинаа 4,7 милиони животни

54

Монголија ја погоди најстудената зима во последните 50 години, а поради екстремниот студ угинаа повеќе од 4,7 милиони животни, а егзистенцијата и снабдувањето со храна на илјадници луѓе се загрозени, соопшти Меѓународната федерација на Црвениот крст (IFRC). )

Од ноември минатата година, најмалку 2.250 семејства кои се занимаваат со сточарство изгубиле повеќе од 70 отсто од својот добиток, а повеќе од 7.000 семејства немаат пристап до соодветна храна, пренесува CNN.

Екстремната зима зафати три четвртини од Монголија, а се очекува дополнително влошување на временските услови.