Германскиот кошаркарски репрезентативец, Даниел Тајс, одлучи да ја напушти НБА-лигата и да се префрли во Европа, по осум години. Според „Баскет њуз“, тој е блиску до договор со Монако и се очекува наскоро да стане негов кошаркар.
Интересно, понудата на Монако не беше највисока, бидејќи во трката се вклучи и Панатинаикос, а имаше и понуди од НБА, каде што немаше да има значајна улога.
Тој не го сака тоа, па се одлучи за Монако, кое му подготви повеќегодишен договор, и се очекува да има излезна клаузула за НБА-лигата.
Во 2017 година, последен пат играше во Европа, за Бамберг, од каде што замина во НБА и потпиша со Бостон. Тој ја започна оваа сезона во составот на Њу Орлеанс, каде што имаше просек од 4,3 поени, 4,3 скока и 1,6 асистенции на натпревар, пред да биде разменет во Оклахома, која веднаш го отпушти.