EPA-EFE/David Aguilar

Сопственикот на евролигашот Монако, рускиот тајкун Алексеј Федоришчев, после судска пресуда остана без многу пари, откако му се одземени 41 милион евра, а уште е под истрага за измама и давање мито. На него покрај пари ќе му биде одземен имот поради што ќе мора да ги намали трошоците во клубот.

Засега не е познато што ќе се случува со кошаркарскиот клуб Монако на кој тој е сопственик. Доколку престане да вложува во Монако, на клубот му се заканува банкрот и исфрлање од Евролигата.