Млади момчиња кои решиле да ги истражат подземните премини на Петроварадинската тврдина останале заробени зад челичните врати.
Како што објавија српските медиуми, неколку млади луѓе од Нови Сад сакале да ги истражат подземните воени галерии (катакомби) на Петроварадинската тврдина, но по неколку минути останале заробени зад челична порта.
Имено, кога сакале да излезат и да се вратат на површината, сфатиле дека челичната врата е заклучена. Веднаш стапиле во контакт со полиција, а на помош веднаш дошла и група пожарникари.
Тие морале да ја сечат челичната капија за да ги ослободат неколкумината кои останале внатре. Се уште не познато како дошло до заклучување на вратата, но можно е да се работи за лоша шега.
Во секој случај, младите ја снимиле акцијата за спасување и им се заблагодариле на полицајците, пишува Мојновисад.
View this post on Instagram