Момчето убиец од „Рибникар“ излегува од клиниката: Ќе сведочи за маскрот во судницата зад затемнети стакла!

256

Коста Кецмановиќ, кого Вишиот суд во Белград го повика да сведочи на 8 октомври во кривичната постапка против неговите родители Владимир и Миљана Кецмановиќ и инструкторот на стрелиштето Немања Маринковиќ, нема да сведочи преку видео врска од болницата каде што се наоѓа, туку ќе биде донесен во зградата на Специјалниот суд во Белград.

Четиринаесетгодишникот кој уби девет соученици и чуварот во ОУ „Владислав Рибникар“ ќе бид донесен во зградата на Специјалниот суд во Белград и тоа ќе биде  прв пат да ја напушти психијатриската клиника по злосторството на 3 мај 2023 година.

Како што дознава Блиц, момчето ќе биде донесено на суд со возило на брза помош, во придружба на психијатар. Во судницата ќе биде сместен во стаклена, затемнет „параван“ за заштитени сведоци.

Така Коста.К. ќе може да види сè, но него никој нема да може да го види. Судијата, обвинетите, адвокатите и семејствата на жртвите ќе го слушаат преку звучници.

Улогата на психијатарот ќе биде да го набљудува додека сведочи и да интервенира и да побара пауза, доколку поради некоја причина не се чувствува добро. Оштетените семејства на загинатите и ранетите во тоа злосторство ќе бидат поставени зад непробојно стакло во делот каде што седи јавноста во таа судница, што инаку во овој случај е исклучена.

Кога ќе почне судењето на 8 октомври, психијатарот прво ќе се изјасни дали има медицински проблеми Коста да даде исказ. Коста, секако, има право да не сведочи против родителите и сега во судница да се изјасни дали сака да сведочи или не.

Ако одбие, претресот завршува, а ако прифати ќе каже како научил да пука, каква била улогата на неговите родители, како решил да го изврши злосторството тој ден и што правел. Сите учесници во процесот ќе можат да му поставуваат прашања.

Инаку, таткото Владимир Кецмановиќ беше обвинет за тешко дело против општата безбедност, бидејќи го научил Коста да пука и не ги осигурал правилно пиштолите, па син му ги зел и убил десет луѓе, а шестмина ранил. Мајката Миљана Кецмановиќ се товари за недозволено поседување муниција, бидејќи на чаура во училницата по историја била пронајдена трага од нејзината ДНК, Немања Маринковиќ, се товари дека дал лажен исказ, бидејќи на полицијата и рекол дека Коста никогаш не пукал на стрелиштето, а видеата покажуваат поинаку.

Коста во последните месеци наводно е многу тивок во болницата, речиси ништо не кажува и е во некаква депресија. Оттаму велат дека има стравови и е вознемирен, пишуваат српските медиуми.

Во текот на истрагата, два месеци по злосторството, Коста К., преку видео-врска од психијатриската болница, бил сослушан во Вишото обвинителство, а до него седела неговата мајка Миљана Кецмановиќ.

Според обвинението, тој рекол дека тој ден влегол во училиштето, седел на клупата и размислувал да и се јави на мајка си на телефон. Тогаш му пришол чуварот Драган Влаховиќ и му рекол да оди на час. Коста рекол дека тогаш во него видел непријател и кога Драган се свртел да оди на своето работно место, Коста извадил пиштол и му пукал во грб. После тоа, тој влегол во училишниот ходник и пукал во три девојчиња Ана Божовиќ, Бојана Асовиќ и Софија Негиќ, а потоа извршил масакр во училницата по историја, каде што на часот биле ученици од неговото одделение.