Момчето што ја прегази девојката на црвено требало да оди во поправен дом поради дрога

1665

20 годишното момче кое со голема брзина удри и на лице место ја усмрти 22 годишната Фросина на булеварот Партизанска требало да оди во поправен дом поради трговија со дрога. Судот пресудил да ја издржува казната во воспитно-поправната установа бидејќи бил млад. Имено, по информациите во јавноста дека возачот имал криминално поведение но често успевал да “се провлекува”, скопското обвинителство ги информира медиумите дека за целото време од судската постапка за делото неовластено производство и промет на наркотици, тој бил во притвор .По осудителната пресуда, според ОЈО Скопје, судот му ја укинал мерката притвор, на што Обвинителството поднело жалба.

Возачот вчера удрил во младата девојка која поминувала на пешачки со голема брзина, поминувајќи на црвено, без дозвола и под дејство на алхохол. За него е побарана мерка притвор.

ИЗДВОЕНИ