Моќна комбинација на три 3 намирници – природен лек кој го олеснува дишењето, ги чисти белите дробови и ја смирува кашлицата

128

Медот во комбинација со други природни состојки е познат како природен и корисен препарат кој го штити имунитетот.

Ренот е одличен сојузник во борбата против настинката и бронхитисот, бидејќи содржи глукозинолати, соединенија кои ги разредуваат густите секрети и го олеснуваат нивното исфрлање.

Медот е одличен и поради неговите антисептички и смирувачки ефекти. Медот од липа е познат по тоа што лекува бронхијални проблеми и настинки.

Мед, рен и ѓумбир

Направете природен лек со мешање на две шолји мед, половина шолја рендан ѓумбир и половина шолја рендан рен. Оставете ја смесата да отстои две недели, а потоа, ако имате кашлица, јадете по една лажица дневно секое утро. Доколку смесата не можете да ја јадете поради силниот вкус, ставете една кафена лажичка во чајот и испијте ја.

Мед, рен и моркови

Направете мешавина од мед, рендан рен и рендан морков во сооднос 1:1:1. Значи, ако додадете 100 гр мед, додадете исто толку рен и морков, измешајте и можете веднаш да употребите по една кафена лажичка за почеток.

Ако го користите веднаш, внимавајте – рен му дава силен вкус, но по неколку дена медот ја одзема лутоста и смесата станува блага.

ИЗДВОЕНИ