Моќна напивка против болки во желудникот: Нутриционист откри ефикасен лек по старинска рецептура

61

Симптомите на болка во стомакот може да бидат крајно непријатни. Страхиња Кукиќ, нутриционист и професор по физичко образование открива рецепт против болки во стомакот.

– Она што не смееме да го правиме е да пиеме големи количини алкохол, да пушиме и да јадеме кога сме под напнатост. Понекогаш една чаша алкохол може да го поттикне желудникот да работи добро, а ракијата може да помогне храната подобро да се вари, особено кај луѓето кои имаат послаба стомачна киселина – објаснува нутриционистот и додаде:

Направете рецепт од компири, моркови и лимон.

– Не станува збор за минерали, туку за биоактивни материи кои се наоѓаат во компирот. Тие го обложуваат желудникот и помагаат да се намали воспалението доколку го има. Ги има неколку, но многу зависи од начинот на кој се подготвуваат компирите. Во водата со компири ставив еден морков и половина лимон, иако не би ставил половина лимон за луѓе кои имаат тежок гастритис. Еден компир е доволен. Треба да се пие наутро на празен стомак. Им помага на пациентите со болести, но важно е следниот оброк да биде без животински протеини – без месо, сирење, јајца. Потребно е да се пие додека не се смират симптомите, за некои е потребна една недела, а за други два месеци – објаснува тој.

ИЗДВОЕНИ