Црниот дроб е еден од најважните органи во телото, бидејќи игра клучна улога во детоксикација, балансирање на нивото на шеќер во крвта и разградување на мастите. Сепак, често ја занемаруваме грижата за црниот дроб, внесувајќи штетни материи како алкохол и преработена храна.
Безалкохолното заболување на црниот дроб може да биде предизвикано од консумирање премногу шеќер, пржена храна и црвено месо.
Еден од начините за чистење на црниот дроб е да пиете вода со суво грозје. Сувото грозје е богато со влакна, антиоксиданси и витамин Ц, кои помагаат да се исфрлат токсините од телото. Сувото грозје има до три пати повеќе антиоксиданси од свежото грозје, а кога е натопено во вода, хранливите материи полесно се апсорбираат.
За да ја подготвите оваа здрава вода, измијте 150 грама суво грозје, ставете го во 2 чаши вода и варете 20 минути. Оставете ги да отстојат преку ноќ, а наутро процедете ја водата и испијте ја на празен стомак.
Оваа постапка може да помогне да се исчисти црниот дроб и да се подобри неговата работа.