Борбен авион Ф-35 се урна за време на тренинг вежба во воздухопловната база Ајелсон на Алјаска, а пилотот се катапултира и е неповреден, потврдија официјални лица.
Како што јави АП, авионот имал дефект за време на летот и пилотот успеал да се катапултира од авионот, изјави на прес-конференција полковникот на американските воздухопловни сили Пол Таунсенд.
Несреќата се случила при слетување, се наведува во извештајот.
THIS LOOKS BAD! An F-35 fighter jet just crashed at Weilson Air Force Base in Alaska.
The pilot survived, so thank God.
How did this happen???
pic.twitter.com/7NG5AjMBT7— George (@BehizyTweets) January 29, 2025
Снимката од несреќата брзо се прошири низ интернет, покажувајќи дека авионот вртоглаво паѓа кон земјата пред да експлодира при ударот.
Во позадина, можете да се види отворен падобран кој полека лебди кон земјата.
Портпаролот на воздухопловните сили подоцна ја потврди автентичноста на видеото за CBS News.