МОК донираше спортски реквизити за училиштата во општина Аеродром

9

Македонскиот олимписки комитет (МОК) со задоволство донираше нови, квалитетни спортски реквизити за училиштата во општина Аеродром! Оваа значајна донација е дел од нашата заедничка визија за поддршка на училишниот спорт и создавање подобри услови за физичка активност на учениците.

Благодарение на оваа донација, учениците сега имаат можност да уживаат во новите реквизити и да се натпреваруваат во спортови како фудбал, кошарка, ракомет, одбојка и многу други. Оваа иницијатива има за цел да ги поттикне и поддржи младите кон спортски активности и развивање здрави навики, што е основен приоритет за МОК.

МОК испрати искрена благодарност до општината и градоначалникот Дејан Митески за поддршката дадена во овој проект и до до наставниците од училиштата без кои овој проект немаше да биде толку успешен!

Овие проекти се важен чекор за подобрување на спортската инфраструктура и за обезбедување на подобри услови за младите спортисти, како и за сите кои сакаат да се занимаваат со рекреативен спорт.

Ова е само почеток на поголем план кој ќе го подигне нивото на спортот и физичката активност во Аеродром. Во соработка со МОК, веќе се одржа обука за наставниците по физичко образование, со цел да се подобри квалитетот на спортските активности во училиштата. Исто така, се планираат и спортски настани кои ќе ги вклучат учениците и наставниците.

Претседателот Димевски му додели благодарница на градоначалникот Дејан Митески за особен придонес и развој на спортот.

ИЗДВОЕНИ