Израелската војска објави дека главниот воен командант на Хамас, Мохамед Деиф, бил убиен во израелски воздушен напад врз Газа на 13 јули, но засега овие информации не се потврдеин од Хамас.

Веднаш по нападот на 13 јули, Хамас изјави дека Деиф потоа избегнал уште еден израелски обид да го убијат и дека е „добро“.

Изјавата на претставниците на Хамас уследи по извештаите дека Деиф бил цел на голем израелски воздушен напад во јужната област на опколената територија, во кој загинаа најмалку 90 луѓе, а уште 300 беа ранети.

  • Командантот Мохамед Деиф е добро и директно ги надгледува операциите на военото крило на Хамас, изјави тогаш претставник на групата за новинската агенција „АФП“.