„МОЦАРТ“ ЗА КОДИРАЊЕ: Седумгодишник добил понуда за работа од руска ИТ компанија

17

Руска софтверска компанија поканила седумгодишен програмер да му се придружи на нивниот менаџерски тим штом ќе биде доволно возрасен за да започне со платена работа, јавува Би-Би-Си.

Сергеј од Санкт Петербург се прослави преку видеа во кои објаснува како се програмира.

Врз основа на тие видеа, компанијата за информациска безбедност Pro32 му испратила писмена понуда за работа, за позицијата раководител на корпоративна обука. Според рускиот закон, Сергеј не можел да заземе ниту една платена позиција до својата 14-та година.

Но, извршниот директор на Pro32, Игор Мандик, изјави за BBC World Servic дека во меѓувреме разговарал со родителите на Сергеј за изнаоѓање начини за соработка.

„Неговиот татко, Кирил, беше изненаден и рече дека [тие] се многу среќни и едвај чекаат [кога] Сергеј ќе може да се приклучи на фирмата“, рече Мандик.

Во неговите видеа, Сергеј зборува на руски, а понекогаш и на малку слаб англиски, и тој чекор по чекор поминува низ предизвиците за кодирање. Неговиот канал на YouTube има повеќе од 3.500 претплатници, заинтересирани за учење на програмските јазици Python и Unity или оние кои сакаат да слушнат повеќе за невронските мрежи, кои се основата на многу алатки за вештачка интелигенција.

Мандик рече дека Сергеј покажал не само извонредни развојни вештини, туку и „подеднакво уникатни“ вештини за учење.

„За мене тој е еден вид Моцарт. Апсолутно сум сигурен дека кога ќе наполни 14 години, ќе биде гуру за настава и гуру за развој, па со нетрпение го очекуваме тој момент“, рече тој.

Не само програмерите, туку и продавачите, сметководителите и другите во московскиот Pro32 би можеле да учат од Сергеј, рече Мандик.

„Треба да чекаме седум години“, рече Мандик и додаде дека тгогаш секако ќе го започнат разговорот за неговата плата.