Од Македонскиот народен театар изразија огромно сочувство за смртта на музичарот Андреј Ѓорѓиески.
-Со големо жалење ја примивме веста за смртта на музичарот Андреј Ѓорѓиески, брат на нашиот колега актерот Александар Ѓорѓиески, дел од активниот ансамбл на МНТ. Загубивме голем музичар, хуманитарец и пријател. Изразуваме огромно сочувство за недоместливата загуба до Александар и неговото семејство, пријатели и колеги, се вели во соопштението на МНТ.