МНР со апел до македонските граѓани кои се наоѓаат во Сирија – да ја напуштат земјата во прва можна прилика

56

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ги повикува сите македонски државјани кои се наоѓаат во Сирија да ја напуштат земјата во прва можна прилика. Предупредувањето доаѓа поради влошената безбедносна состојба во оваа држава и исто така МНР упатува апел да се одложат сите патувања кон Сирија.

„Постои можност за натамошно влошување на ситуацијата, а со тоа и намалени можности за навремено напуштање на Сирија“, се вели во соопштението на MНР.

Како и секогаш, министерството ги става сите свои капацитети за асистенција на македонските државјани и посочува на СОС дежурниот телефон на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија +389 75 268 736како и дежурниот телефон на Амбасадата во Тел Авив +972-54-926-7378,  или меил адреса: [email protected].

 

ИЗДВОЕНИ