Шведскиот кардинал Андерс Арборелиус, кого го сметаат за еден од фаворитите на претстојните конклави, во вторникот изјави дека не смета дека тој ќе биде избран за поглавар на Римокатоличката црква.
„Би било интересно да се има шведски папа, но мислам дека тоа е малку веројатно, навистина многу малку“, изјави Арборлиус за шведската јавна телевизија SVT.
Арборелиус (75) е првиот шведски католички бискуп од протестантската реформација пред повеќе од 500 години, кој е прогласен за кардинал во 2017 година.
Преминал во католицизам на 20-годишна возраст со големо протестантско мнозинство и во една од најсекуларните општества во светот. Католичката црква во Шведска има околу 150.000 верници.
Истата година кога станал кардинал, магазинот Fokus го прогласи Арборелиус за „Швеѓанец на годината“. За малата католичка заедница во Шведска и една од најсилно секуларизираните земји во светот, неговото прогласување за Швеѓанец на годината претставуваше големи признание.
Самиот кардинал Арборелиус во разговорот за радиото на Ватикан изјави дека луѓето понекогаш го прашуваат дали е вистински Швеѓанец, бидејќи мислат дека е тоа е невозможно доколку си католик, свештеник, бискуп и кардинал.
Андерс Арборелиус потврди дека ќе учествува во конклавата на којашто 135 кардинали изборници, под 80-годишна возраст, ќе го избираат наследникот на починатиот папа Франциско.
Тој неодамна го замолил папата да го разреши од кардиналската должност, бидејќи сака да се повлече во манастир во Сканео, на југот на Шведска. Папата се согласил, но не утврдил точен датум за ослободување од службата.
„Малку сум оставен во неизвесност“, вели Арборелиус.
Тој е жесток бранител на доктрината на Црквата, а особено против востоличувањето жени и доделување благослов за истополовите двојки. Меѓутоа, како и Франциско, се залага за прием на мигрантите во Европа, без разлика дали се христијани, католици или потенцијални преобратеници.